Top Sport

Најомразени спортисти: Само Писториус е пред Кирјос

Вообичаено на крајот на годината се прават разни избори и анкети, се избираат најдобрите во календарската година или најдобрите во деценијата што изминува. Контра ваквите избори уредниците на австралискиот весник „Хералд сан“ решиле преку анкета да откријат кој е најомразениот спортист во изминатата деценија.

Изненадува резултатот дека најомразен во Австралија е тенисерот Ник Кирјос. Контроверзниот тенисер е втор на оваа листа на глобално ниво, пред него е само атлетичарот од Јужна Африка, Оскар Писториус, осуден за убиството на својата девојка.

Останатите „лоши момци“ според анкетата на „Хералд сан“ се: Арон Хернандез, НФЛ-играч, кој како и Писториус поради убиство се наоѓа в затвор, потоа Конор Мекгрегор и боксерот Флојд Мејведер, играчот на крикет, кој редовно предизвикува инциденти, Дејвис Ворнер, пливачот Сун Јанг обвинет за допинг, бејзбол играчот Алекс Родригез и фудбалерот на Барселона Луис Суарез.

Scroll to Top