Top Sport

Путин во акција, играше хокеј со легендите на КХЛ-лигата (Видео)

Познато е дека рускиот претседател Владимир Путин е голем фан на хокејот. Тој синоќа настапил на егзибициски натпревар со легендите на КХЛ-лигата.

Со егзибицискиот натпревар, во средата, беше отворена традиционалната Ноќна хокеарска лига.

На лизгалиштето, на Црвениот плоштад, Путин настапил во „црвениот тим“ со бројот 11 на грбот.

Заедно со Путин во тимот биле и легендите на рускиот хокеј Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодор и Алексеј Касатанов.

Меѓу соиграчите на претседателот на Русија бил и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Scroll to Top