Македонската ракометна репрезентација загуби со 23:22 (14:13) од Кувајт во вториот контролен меч во Србија како дел од подготовките за Европското првенство во јануари следната година.
Со сличен состав како во првиот натпревар, Македонија поведе со 3:2, но Кувајт постојано беше сериозен противник и имаше 14:13 водство на полувреме. Ротацијата на ракометарите продолжи и во второто полувреме, за на крајот азиската репрезентација да стигне до два поени предност (16:14), која ја оддржа до крајот на мечот.
Танкоски беше најефикасен со четири постигнати гола, додека по три имаа Велковски и Поповски, а на голот Митревски заврши со 12 одбрани.
За репрезентацијата сега следува настап на романскиот „Трофеј Карпати“, пред првенството во Австрија, каде што сме во група со домаќинот, Чешка и Украина.
Фото: РФМ