Напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Португалија Кристијано Роналдо во разговор за „ДАЗН“ рекол дека во овој момент тој е најдобриот фудбалер во светот.
„Најдобар во овој момент? Јас сум најдобар, бидејќи немам ниту една мана. Следната година сите ќе видат. Настапите за Јувентус се мојот приоритет. Сакам се што е поврзано со овој клуб. Ја сакам италијанската култура. Среќен сум и сакам да игра за Јувентус уште многу години“, рекол Португалецот.
Кристијано Роналдо од почетокот на сезоната одиграл 21 натпревар, постигнал 12 гола и забележал една асистенција.