Лука Дончиќ се врати во тимот на Далас по повредата и ги предводеше Маверикс до победата над Сан Антонио 102:98. Во исто време Минесота Тимбервулвс ја прекинаа серијата од 11 порази откако по две продолженија го победија Сакраменто Кингс. Трагичар на мечот беше Богдан Богдановиќ. Јута и Портланд го одиграа најдобриот меч синоќа, кој мина во „револверашката“ пресметка на Донован Мичел и Демијан Лилалрд.
Далас Маверикс ги поразија Сан Антонио Спарс 102:98 во дербито на Тексас. Маверикс во тимот го имаа и Словенецот Дончиќ кој паузираше две недели поради повредата на зглобот.
Дончиќ беше најефикасен во својот тим со 24 поени, десет скока и осум асистенции. На спротивната страна се истакна Демар Дерозан со 21 поен.
Сакраменто по две продолженија беа поразени од Минесота 104:105. Минесота ја прекинаа серијата од 11 порази, додека Сакраменто се во серија од пет порази. Трагичар на мечот беше Ссрпскиот репрезентативец Богдановиќ кој промаши 20 шутеви (5/12 за два, 3/16 за три поени). На крајот Србинот имаше 19 поен, седум скока, и по три асистенции и блокади.
Решон Холмс со 20 поени и 18 скока ги предводеше Кингс, додека кај Минесота се истакна Горги Џенг со 21 поен и 15 скока.
Јута и Портиланд одиграа одличен меч, победија „џезерите“ 121:115, благодарение на 35 поени што ги постигна Донован Мичел, поен помалку кај поразените реализираше Демијан Лилар.
Резултати:
Детроит-Вашинготн 132:102
Оклахома-Мемфис 97:110
Бруклин-Њујорк 82:94