Италјанецот Домик Парис победи на спуст трката која во рамките на Светскиот куп се возеше во Бормио. Парис на домашна почва ја победи конкуренцијата со време 1:49.56 минути.
Доминик Парис е неприкосновен на патеката во Бормио, во последните три години тој има исто толку победи.
Второто место му припадна на Швајцарецот Беат Фојц, трет трката ја заврши Австриецот Матијас Мејер. Парис имаше за 39 стотинки подобро време од Фојц, додека Мејер задоцни зад победникот 42 стотинки.