Top Sport

Червар: Македонија нема корист од европската титула на Вардар

Поранешниот тренер на Металург и селектор на македонската репрезентација Лино Червар со Хрватска ги започна подготовките за претстојното Европско првенство. Во интервју за „Јутарњи“ тој меѓу другото одговорил и на прашањето што е подобро за една држава да го форсира клупскиот или репрезентативниот ракомет.

„Скандинавците секогаш ги земам за пример, имаат чиста развојна стратегија. Ние мораме да одредиме каков пристап ќе имаме. Дали ќе ја следиме културата на победите или ќе ја следиме развојната програма. Првата опција е застапена во земјите од Југо-источна Европа. Таа го прикрива дефицитот, со една победа бришеш се. Поради тоа кај нас второ или трето место не е успех…“, рекол Червар и дополнил

„Прашање е дали треба да се форсираат клубовите или репрезентацијата. Вардар е прв во Европа, но Македонија нема никаква корист од тоа. Нивниот капитен Лазаров неодамна го кажа истото. Кјелце е во врвот, Полска нема ништо од тоа на големите натпреварувања.“

Хрватска на ЕП ќе се натпреварува во група со Црна Гора, Србија и Белорусија.

Scroll to Top