Фудбалерот на Борусија Дортмунд Пјер-Емерик Обамејнаг рекол дека би може да го замени Антоан Гризман во Атлетико Мадрид. Габонецот напомнал дека Атлетико е бво потрага по засилувања и дека секоја опција е отворена.
Обамејанг, во еден период се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но сега работите се поинакви.
„Немам потпишано нов договор со Борусија, не е точно дека сум го продолжил договорот. Пазарот е отворен за сите па и за мене. Реал повеќе не е моја желба“, рекол Обамејанг за француските медиуми.
„Атлетико?Сите знаат дека се во потрага по засилувања. Мислам дека Гризман ќе си оди од таму, потоа може се да се случи. Ќе видиме сите опции се отворени“, дополнил Обамејанг.