Top Sport

Италијанците го „пробија“ новиот дизајн на Ферари

Италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ објави фотографија која наводно го открива концептот на новиот дизајн на болидот на Ферари за 2020.

Болидот, засега со кодно име „Проект 671“, ќе треба да го замни СФ90, кој и покрај доминантната моќ на моторот на Ферари не успеа да им донесе светска титула. Шарл Леклер и Себастијан Фетел чекаа за победа до средината на сезоната, дозволувајќи Мерцедес да ја осигура шестата титула едноподруго.

Според „Газета“, новиот болид на Ферари ќе има радикално поинакви крила, како и нов хидрауличен систем, кој ќе биде забранет во 2021, за да се креира поголема потисна сила.

Ферари ќе го претстават својот нов болид на 11 февруари 2020.

Scroll to Top