Шпанската тениска легенда, 12-кратниот гренд слем шампион, Рафаел Надал и американската гимнастичарка Сајмон Бајлс се добитници на престижниот трофеј „шампион на шампионите“ на францускиот спортски весник „Л’Екип“ за најдобар спортист во 2019.
За Надал ова е четврто вакво признание по тие во 2010, 2013 и 2017 година, кога ја подели наградата со Роџер Федерер по епското финале на Австралија опен. Надал оваа сезона освои две гренд слем титули – Ролан Гарос и САД опен, и две Мастерс 1000 трофеи во Рим и Монтреал, за да ја заврши годината со титула за Шпанија во Дејвис купот во Мадрид.
Тој доби 513 поени во гласањето пред шесткратниот Ф1 шампион, Британецот Луис Хамилтон (413) и австрискиот скијач Марсел Хиршер (329). Со наградата тој се израмнува со Роџер Федерер и само Јусеин Болт го има рекордот со пет титули „шампион на шампионите“, награда која се доделува од 1946 година.
„Наградата посебно значи бидејќи доаѓа од француски весник. Франција е втора најважна земја во мојата кариера по Шпанија. Ќе биде тешко да се израмнам со Јусеин Болт и задоволен сум со четири титули“, вели Надал.
Voici la une du journal L’Équipe ce vendredi 27 décembre.
? Le journal > https://t.co/xWA4dI7XlH
? La numérique > https://t.co/LjSuomkUEi pic.twitter.com/gnCQt3TPSk— L’ÉQUIPE (@lequipe) December 27, 2019