Во Истанбул вечерва се одигра еден од најинтересните дуели во Евролигата оваа сезона, откако Валенсија стигна до славна победа на гости кај Фенербахче по триумфот во продолженијата.
На 10 секунди пред крајот на продолжението, на резултат од 98:97, Џордан Лојд имаше фантастично положување и доби дополнително слободно фрлање за потврда на победата. Фенер имаше осум секунди да израмни, и Нандо де Коло, кој претходно примора продолжение за турскиот клуб, утна во обид за тројка за да им дозволи на шпанскиот клуб една од најголемите победи во историјата, и во исто време уште еднаш да фрли сенка на иднината на тренерот Жељко Обрадовиќ на клупата на турскиот тим.
И Црвена звезда забележа фантастична победа на гости, триумфирајќи со 65:58 на гости кај Зенит Санкт Петерсбург за одличен крај на годината. Били Берон имаше 26 поени и три скока за Звезда, која ја презеде контролата во третата четвртина, кога им дозволија само седум поени на Русите. Со оваа победа, Звезда доаѓа на 7-9 скор со надеж за плејофот, додека Зенит има 4-12.
ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО
Зенит Петерсбург – Црвена звезда 58:65 (16:20, 24:17, 7:14, 11:14)
Фенербахче – Валенсија 98:100 (24:22, 24:18, 22:19, 14:25, 14:16)