Ситуацијата во Сакраменто Кингс е далеку од идеална. По петтиот пораз во низа, Бади Хилд јавно ја критикуваше работата на стручниот штаб, а локалните медиуми во саботата известија дека трејд побарал Двејн Дедмон.
Дедмон е поранешен играч на Атланта Хокс. Минатото лето Дедмон потпиша три годишен договор вреден 41 милиони долари со Сакраменто.
Како што пренесуваат америкаските медиуми за Дедмон постои интерес кај неколку франшизи, а последен рок за размена на играчи во НБА лигата е февруари.