Фудбалскиот клуб Реал Сосиедад во саботата на социјалните мрежи објави дека најдобриот играч Мартин Едегард го напуштил клубот.
Баските соопштија дека Едегард го раскинал договорот за позајмица со клубот и дека до крајот на сезоната Реал Мадрид го испратиле на позајмица во Манчестер сити.
? OFFICIAL ANNOUNCEMENT: Agreement with @ManCity over the loan of @Martinio98 #AurreraReala ⬇https://t.co/6AJrVNfOic
— Real Sociedad (@RealSociedadEN) December 28, 2019
„Ова е тешка одлука за нашиот клуб, но моравме да ја донесеме за да не мораме да го коментираме неговиот трансфер во наредните шест месеци“, стои во официјалното соопштение.
Информацијата која предизвика големо внимание во фудбалскиот свет е шега.
За што тогаш точно се работи?
Додека во најголемиот дел од Европа и САД „Денот на шегата“ е 1 април, тој ден во Шпанија е 28 декември. Со објавата Реал Сосиеда ја „исполнија“ својата должност.
Едегард ќе остане на позајмица во Реал Сосиедад до крајот на сезоната, а потоа ќе е врати во Реал Мадрид.