Top Sport

Американецот со македонски пасош има нов клуб

Американскиот кошаркар со македонски пасош Џордан Тиодор е нов играч на рускиот клуб Уникс од Казањ. Рускиот клуб потврди дека Тиодор прситигнал како слободен играч од редовите на Бешикташ.

Џордан Тиодор, поради неисполнетите финансиски обврски од клубот, пред три дена си замина од Истанбул.

Американецот во турското првенство бележел 13,7 и 6,8 асистенции по натпревар, додека во Лигата на шампини на ФИБА имал просек од 11,8 поени и 5,6 асистенции по натпревар.

Во кариерата Тиодор играл и за банвит, Франкфурт, Бурж, Армани, АЕК и Анталија. Во 2017 година го добил МВП признанието како најкорисен играч во Лигата на шампиони на ФИБА.

Scroll to Top