Top Sport

Македонија во финалето на „Трофеј Карпати“

Ракометната репрезентација на Македонија избори пласман во финалето на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“. Попладнево Македонија го победи Алжир со 25:24 (15:9) и во финалето ќе игра против победникот од мечот помеѓу Романија и Холандија.

Македонија, без водечките играчи, против борбените и на моменти грубите Алжирци, доминираше во првото полувреме. Шест гола повеќе од противниците имаа по првиот дел (15:9) избраниците на Данило Брестовац.

Дека нема да се предадат Алжирците најавија во воведната фаза од второто полувреме, кое го отворија со серија 1:4. До 53 минута Македонија ја одржуваше предноста од еден или два гола.

Во самиот финиш Митревски со добра интервенција спречи Алжирците да израмнат.

Марио Танковски ја предводеше Македонија со осум гола, додека Никола Митревски имаше осум интервенции.

Scroll to Top