Поранешниот фудбалер на Јувентус, Мауро Каморанези е нов тренер на новиот словенечки прволигаш Табор Сежана, потпишувајќи договор до 2021 година, враќајќи се на тренерската професија по две години пауза, откако беше тренер на мексиканскиот клуб Кафеталерос де Кијапас.
43-годишниот Каморанези е роден во Аргентина, но цела своја кариера ја помина во Италија, добивајќи и италијанско државјанство и настапувајќи за нивната репрезентација. Тој играше за Верона од 2000 до 2002 и за Јувентус до 2002 до 2010 година, а за италијанската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна четири гола.
Табор Сенажа влегоа во првата словенечка лига минатата сезона и во моментов се на само поен од зоната за испаѓање.
Prima panchina europea per Mauro German #Camoranesi: il Campione del Mondo ha ricevuto l’offera degli sloveni del #TaborSezana. Pronto un contratto fino al 2021. #calciomercato
— Nicolò Schira (@NicoSchira) December 29, 2019