Top Sport

Пинтуро со победа во комбинацијата во Бормио, нема хет-трик за Парис (видео)

Французинот Алексис Пинтуро ја „грабна“ победата во трката од алпска комбинација од Светскиот куп во италијанскиот ски-центар Бормио, откако Доминик Парис не успеа да стигне до славна хет-трик победа на домашен снег.

28-годишниот Пинтуро, светски шампион во дисциплината, беше само 12. по утринската супер-џи трка, но стигна до својата трета победа оваа сезона по слаломската патека на Стелвио. Норвежанецот Александер Омот Килде водеше по брзинската трка, но на крајот се задоволи со второ место со 0.51 секунди заостанување, додека трет беше Швајцарецот Лоик Меијар со 0.56 секунди послабо време.

„Пресреќен сум бидејќи беше многу тежок ден, посебно со супер-џи трката со специјалистите за спуст. Во Бормио има рамна патека за слалом и морав да нападнам од почеток“, вели Пинтуро.

Парис стигна до две победи во спуст во петокот и саботата за да има четири домашни победи во низа и 30-годишниот ветеран заостануваше само 0.03 секунди зад Килде во супер-џи трката, но загуби ритам во слаломот и заврши со дури 7 минути заостанување.

Scroll to Top