Фудбалскиот клуб Вест Хем потврди дека нов менаџер е Дејвид Мојс. Поранешниот тренер на Евертон и Манчестер Јунајтед доаѓа на местото на Мануел Пелегрини кој во саботата вечерта доби отказ.
Пелегрини доби отказ по поразот од Лестер (1:2). Ова беше четврти пораз во низа на „чеканите“ пред своите навивачи, вкупно деветти ов Премиер лигата. На табелата Вест Хем се наоѓаат на 17 место со само 19 поени.
За Дејвид Мојс ова ќе биде втор мандат на клупата на екипата од Лондон. Во сезоната 2017/2018 тој успеа да му го сочува премиер лигашкиот статус на клубот. Тогаш тој по првиот дел од сезоната го замени Славен Билиќ и сезоната ја заврши на 13 место.
Иако тогаш Мојс обезбеди опстанок челниците решија да не му го продолжат договорот туку го ангажираа Пелегрини.