Top Sport

Најлоши засилувања во Серија А: Видиќ ја предводи листата

Италијанскиот фудбалски портал „Калчомеркато“ објави листа на најлошите трансфери направени во Серија А, во последните десет години.

На оваа листа има десет имиња, меѓу кои се двајца играчи од просторите на поранешна Југославија, Немања Видиќ и Никола Калиниќ.

Видиќ во Интер пристигна на залезот на својата кариера, откако со Манчестер Јунајтед освои се во клупскиот фудбал. Годините и повредите си го направи своето, во Интер не покажа ништо. Кариерата ја заврши во 2016 година.

Една година подоцна, во 2017, во Милан пристигна Никола Калиниќ. Донесен да ја подбри ефикасноста на тимот тој успеа да постигне само шест гола на 40 натпревари.

На листата на најлоши засилувања уште се наоѓаат и Робин Олсен, Бруно Перес, Даниеле Ругани, Таје Таиво, Ернанес, Жофри Кондогбија, Андреа Бертолачи, Џердан Шаќири и Андре Силва.

Scroll to Top