Top Sport

Врв на егоцентризмот или случајност? Меси се мотивира гледајќи голови на Меси!

Околу талентот на Лео Меси и Кристијано Роналдо, двете најголеми ѕвезди која ја одбележија деценијата во светот на фудбалот не може да има замерка. Меѓутоа, честопати двајцата се обвинувани дека гледаат премногу на својот имиџ и се доста егоцентрични, а обвинувањата честопати се кон Португалецот.

Но, Меси како да не сакаше да остане покус, откако се појави фотографија на која тој работи на лента за трчање, а на телевизорот има голови кои ги постигнува самиот тој. Меси во моментов е на одмор во неговиот роден град Росарио во Аргентина, каде што бил во локалната вежбална, каде што е „фатена“ оваа фотографија.

Scroll to Top