Top Sport

Еве зошто Јунајтед го сакаат Клајверт јуниор (видео)

Јустин Клајверт, синот на легендата на Ајакс и Барселона, Патрик Клајверт, несомнено е еден од најталентираните млади фудбалери на светот, покажувајќи го тоа уште еднаш во текот на викендот.

18-годишниот Клајверт има седум гола и две асистенции во 20 настапи, а во неделата беше вистинска ѕвезда при победата на неговиот Ајакс од 3:1 над Вилем Втори. Тој постигна прекрасен гол.

Шпекулациите велат дека тој е најблиску до Манчестер јунајтед, бидејќи менаџерот Жозе Мурињо уште минатиот мај беше забележан како зборува со крилото по победата во финалето на Лигата на шампионите.

Според тогашните вести на холандскиот весник „Футбалинсајд“, разговорот меѓу Мурињо и Клајверт Јуниор одел вака.

Мурињо: Ти, те сакам тебе! Ти си специјален.

Клајверт: И ти, така слушнав.

Мурињо: Да, јас сум специјалниот.

Клајверт: Да направиме специјален трансфер.

Мурињо. Уште една сезона.

Scroll to Top