Top Sport

ПСЖ ја одредиле цената за Кавани, на потег се Атлетико Мадрид

Единсон Кавани договорил соработка со Атлетико Мадрид. Договорот ќе започне да важи откако ќе заврши сезоната кога Уругваецот ќе биде слободен играч. Во случај Атлетико да се премислат и да тргат по Кавани во преодниот рок кој започна денес, ПСЖ ја одредија цената.

Кавани треба да ги реши проблемите во нападот што ги има Атлетико. Покрај неефикасноста проблем за „јорганџиите“ претставува и повредата на Диего Коста. Само еден класичен напаѓач има Атлетико, поради што веројатно ќе се обидат да го донесат Кавани веднаш.

ПСЖ не се противат на трансферот, а цената што ќе мора да ја плати томот од Мадрод изнесува 10 милиони евра.

Scroll to Top