Top Sport

Интер ќе тргнат по потписот на Обамејанг

Интер покажувале сериозен интерес за напаѓачот на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг, тврди „Мирор“. Габонецот бил незадоволен од позициите на кои се наоѓа клубот поради што очајнички сакал да го напушти Лондон.

Обамејанг во Арсенал дојде за да игра во Лигата на шампионите, меѓутоа клубот не може да ги дофати позициите кои би го однеле во елитата. Поради тоа тој ги одбил преговорите околу новиот договор.

Договорот му истекува во јуни 2021 година. Арсенал доколку сакаат да заработат од неговиот трансфер ќе мора да го пуштат по завршувањето на сезоната или најдоцна во јануари наредната година.

Тренерот на Интер е во потрага по нов напаѓач, кој ќе му биде партнер во нападот на Лукаку, бидејќи никој во Милано не е сигурен дали Лаутаро Мартинез ќе остане во клубот.

„Мирор“ тврди дека најсериозен конкурент на Интер за потписот на Обамејанг ќе му биде Барселона.

Арсенал се наоѓаат во незавидна позиција, покрај лошите резултати челниците се соочени и со незадоволството на играчите. Гранит Џака најавил заминување, а покрај Обамејанг трансфер наводно побарал и вториот напаѓач Александар Лаказет.

Scroll to Top