Top Sport

МЗТ го отпушти Павличевиќ

Црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска шесткратниот кошаркарски шампион на Македонија спогодбено го раскина договорот со него.

Инцидентот кој го имаше Црногорецот по мечот со ФМП во петокот, кога по поразот влезе во врбална расправија со навивачите е причината поради која раководството реши да ја прекина соработката со него.

„Навивачите се составен дел од МЗТ Скопје Аеродром и сите во клубот мораат да знаат дека ваков начин на однесување кон нив е апсолутно недозволив и дека секој израз на непочитување во иднина ќе биде санкциониран според одредбите на Дисциплинскиот правилник“, се вели во соопштението на МЗТ.

Scroll to Top