Дефанзивецот на Тотенхем, Белгиецот Јан Вертонген е на мета на неколку европски клубови во зимскиот преоден рок. За искусниот фудбалер, на кого договор со лондоснкиот клуб му истекува налето, заинтересирани се Наполи и Ајакс.
Италијанците се обидоа да го ангажираат стоперот и пред 6 месеци, но не успеаја. Тренерот Гатузо побара да му доведат искусен дефанзивец затоа што планира да го подобри пласманот на екипата.
Ајакс исто така сакаат Вартонген повторно да го видат во своите редови откако минатото лето екипата ја напушти младиот дефанзивец, Матијс де Лихт. Вертонген пред 7 години токму од Ајакс прејде во Тотенхем за 15 милиони евра.