Top Sport

МЗТ со триумф ја започна 2020-та во АБА 2, нова жртва – Рогашка

Кошаркарите на МЗТ Скопје со тежок триумф, по две продолженија славеа победа на гостување кај Рогашка со 90-83 во меч од 14. коло од регионалната АБА-2 лига.

Македонскиот тим во поголемиот дел од средбата имаше предноста, а домаќините беа тие кои го бркаа резултатот.

Сепак, кошаркарите на Рогашка во регуларниот дел од средбата имаа шут за победа. Потоа и во првото продолжение беа поблиску до триумф, но одбраната на МЗТ на двапати беше на висина на задачата.

Тогаш следуваше пресврт. Скопскиот тим во второто продолжение одигра одлично, па со серија од 9-2 дојде до предност која беше недостижна за словенечкиот тим.

Сега МЗТ со новата победа останува на втората позиција на табелата во АБА 2 со скор од 11 победи и 3 порази.

„Штрковите“ имаат само една победа помалку од лидерот Борац Чачак.

Милошевиќ имаше ефект од 30 поени и 11 скока кај МЗТ, а Дамјан Стојановски мечот го заврши со 13 поени, 8 скока и 5 асистенции.

Scroll to Top