Top Sport

Звезда го згази Баерн, Фенер триумфално во Пиреја, Жалгирис го има лекот за Макаби

Кошаркарите на белградска Црвена Звезда одиграа маестрален меч во рамки на 17 коло во Евролигата и убедливо го совладаа Баерн Минхен со резултат 93-63. Кошаркарите на Звезда имаа комплетна доминација и ја оправдаа фаворитска улога.

Најефикасни во понедничката екипа беа Пунтер и Браун со по 15 поени, а Давидовац и Штимац имаа по 13 поени.

Кај Баерн се истакна Грег Монро со 20 поени, а Лучиќ броеше до 11 поени.

Кошаркарите на Фенербахче како гости славеа победа против големиот ривал, Олимпијакос со 96:87. Со тоа турската екипа ја прекина лошата серија порази

Нандо де Коло со 32 поени беше најефикасен кај гостите, а помош имаше и од Датоме кој постигна 15, односно Слукас со 14 поени.


Најефикасни во домашниот тим беа Принтезис и Спанулис со по 14 поени.

Жалгирис на свој паркет слеваше пресврт-победа против екипата на Макаби со 73-68.

Во победничката екипа најпрецизен беше Лекавичиус со 23 поени, а кај гостите од Тел Авив се истакна Коен со 20 поени.

Scroll to Top