Фудбалски натпревар во затворот во мексиканската сојузна држава Закатекас завршил трагично со 16 мртви. Затворските власти имале намера да покажат дека во суровите затвориски услови е можен соживот помеѓу картелите Лос Зетас и картелот од Заливот.
Фудбалскиот меч се претворил во трагедија, 16 лица смртно страдале, а пеет биле повредини кога во текот на натпреварот се судриле припадниците на картелите.
Властите не можат да објаснат како припадниците на картелите кај себе имале огнени оружја и ножеви. Сите 16 загинати биле припадниците на картелите, а меѓу повредените биле посетителите, деца и роднини на затворениците.
Лос Зетас е картел кој настанал како подгрупа на картелот од Заливот. Самостојно делува од 2010 година и важи за еден од најмоќните нарко-картели во Мексико.