Напаѓачот на францускиот второлигаш Генгам, Натаел Жулан починал на 23 години, потврдија од клубот, откако тој имал сообраќајка враќајќи се дома од тренинг.
Жулан, кој бил позајмен фудбалер во Валенсиен, бил возач во возилото кое се судрило во 16.20 часот во близината на градот Сен-Бриу, иако не се дадени дополнителни детали за несреќата.
„Клубот е во болка по вестите дека ова попладне загина нашиот фудбалер Натаел Жулан. Во овој трагичен ден, ние можеме само да пратиме пораки на сочувство до семејството на Натаел“, објавија од клубот.
Жулан ја почна кариерата во Ле Авар, каде што помина четири години како професионален фудбалер, пред во 2018 да се приклучи на Генгам. Тој постигна 23 гола во 52 настапи за вториот тим на Ле Авр, пред да постигне 7 гола во 38 меча во првиот тим на францускиот второлигаш. Во 2018/19 тој имаше 10 настапи за Генгам во Лига 1 и уште три во куп-натпреварувањата, пред да се приклучи на Валенсиен.
L’En Avant Guingamp est en deuil.
Le club a eu l’immense douleur d’apprendre cet après-midi, le décès accidentel de son joueur Nathael Julan.
En ce jour tragique, tous les membres du club s’associent pour adresser leurs condoléances attristées à la famille de Nathael. pic.twitter.com/BTZmciC9Gd— En Avant Guingamp (@EAGuingamp) January 3, 2020