Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ во неверојатно отворено интервју со „Спортвик“ магазинот на весникот „Ла газета дело спорт“ зборуваше за неговата битка со леукемијата и како таа го сменила неговиот карактер.
Србинот е во италијанскиот фудбал со децении, прво како фудбалер на Сампдорија, Лацио и Интер, а потоа и како тренер на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино и сега, Болоња. Последните шест месеци тој доби неверојатна поддршка од јавноста по неговата битка со леукемијата, која не го спречи да се обиде да ја врши работата дури од својот болнички кревет.
„Мислам дека сега, конечно, луѓето ме сфатија. Добив толку многу љубов во последните месеци, и тоа не само од спортистите и славните лица, туку од обичните фанови на сите клубови и од луѓе кои не ги познавам. Ако моите зборови им дадоа некоја храброст да поминат некоја тешка ситуација како мојата, тогаш тоа вреди повеќе од едно скудето за мене“, вели Михајловиќ.
На Михајловиќ му беше извршена трансплантација на коскена срж по три циклуси хемотерапија и сега тој вели дека е на добар пат до целосно оздравување со помош на српската кујна на неговата мајка.
„Не можев да посакам поубав Божиќ. Со моето семејство беше совршено. Сите тестови се добри, се чувствувам посилен секој ден. Тука е мојата мајка, мојата сопруга, моите деца. А покрај тоа, Болоња победи на последните два меча. Чувствувам мир. Сега го ценам секој момент, кој претходно не го забележував. Уживам во едноставните детали на животот. Трчав секое утро со слушалки за да го победам стресот, а сега одам десетина километри дневно да ги наполнам батериите. Открив дел од мене кој не знаев дека е тука, или беше скриен. Синиша станува плачко, си велам од време на време, но задоволувачки е да чувствуваш толку емоции“, објаснува Михајловиќ.
A casa di #Mihajlovic: “Grazie alla malattia ho riscoperto la gioia” #Sportweek https://t.co/fDPDKEaYTU #serieA
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) January 4, 2020