Дека животот не престанува кога ќе доживеете потешка повреда или кога ќе останете без дел од телото покажува уникатниот примерот на еден фудбалски клуб од Египет.
„Тимот на чудата“ (Miracles team) е клуб од Каиро чиј дрес го носат фудбалери со ампутирани нозе.
Во центарот на вниманието беа минатиот месец кога сликата на нивниот капитен Мохамед Абду како го слави пласманот на Египет на Мундијалот во 2018 година го обиколи светот.
Абду има 28 години, за да преживее работи како слободен адвокат и во продавница, а секогаш кога има слободно време игра фудбал.
На возраст од шест години Абду по тешка сообраќајна несреќа останал беа една нога, но тоа не му претставувало пречка да ја исполни својата страст кон фудбалот.
„Повредата од најраните години ме направи уште посилен. Кога сум јас во прашање, таа не смени ништо, таква била мојата судбина“, рекол Абду.
Најмладиот член на тимот, Фарес Ахмед Камел, има 14 години.
„Го засакав фудбалот кога му се приклучив на тимот во мојата населба. Го запознав Мохамед Салах, ми го даде неговиот дрес и бев гостин во неговиот дом“, вели Камел.
Иако се хендикепирани, играчите на „Тимот на чудата“ немаат никаква финансиска помош, а играат на терени кои сами ги изнајмуваат.
„Контактиравме државни институции, клубови, деловни луѓе. Тренираме на терени кои сами ги изнајмуваме. Да плаќаме со наши пари“, дополнува Абду.
Најголемиот сон на овој фудбалер е еден ден да го запознае својот идол, Кристијано Роналдо.