Четврт-финалниот дуел од Италијанскиот куп против градските ривали Интер е како финале на Светско првенство за Милан, вели нивниот тренер Џенаро Гатузо.
Милан се наоѓаат на очајното 11. место во Серија А по 18 кола, откако доживеаја два порази во низа (од Верона и од Аталанта), за ја „стресат“ позицијата на Гатузо, кој се нафати на тешката работа минатиот месец по отпуштањето на Винченцо Монтела.
Гатузо има само две победи во шест меча во сите натпреварувања и притисокот расне. Популарниот „Рино“ вели дека не планира да си замине од работата, и вели дека е клучно да се победи Интер во било кое натпреварување.
„Миланското дерби секогаш е тежок меч, но навистина мораме да се обидеме да победиме. Ова е како да играме во финале на Светско првенство, бидејќи мечот во среда може да ја сврти нашата сезона. Мораме да ресетираме сè. Ќе играме како домаќини и мораме да го вратиме ентузијазмот на фановите, бидејќи навистина им должиме. Потребно е нешто повеќе“, вели Гатузо.
Интер го доби првото градско дерби откако Мауро Икарди со хет-трик обезбеди 3:2 победа.