Верона ја прекина лошата серија од три врзани меча без победа откако денеска славеше со 2-0 на гостувањето против екипата на СПАЛ во рамки на 18 коло во италијанската Серија А.
Гостите поведоа со голот на капитенот Пацини во 14 минута.
Работата на фудбалерите на Верона им беше олеснета во продолжение од мечот затоа што во 39 минута домашните останаа со играч помалку. Црвен картон поради непромислен старт заработи Ненад Томовиќ.
Конечните 0-2 беа дело на Степински во 85 минута.
Со оваа победа Верона се проби на 9. позиција, додека СПАЛ е претпоследен со само 12 освоени бода.