Top Sport

Спарси се спасија, лесна задача за „сините“, „овните“ со Руни го средија Палас

Пулените на Жозе Мурињо беа пред елиминација во англискиот ФА куп откако Мидлсборо имаше водство на „Риверсајд“ со 1-0. Сепак џокерот на Спарси, Лукаш Моура донесе израмнување од 1-1 што значи дека ќе има повторен натпревар во Лондон.

Челзи лесно обезбеди пласман во 4. коло од ФА Купот откако на својот стадион не дозволи изненадување од Нотингем Форест, победи со 2-0.

Стрелци на головите за „сините“ беа Хадсон Одои во 6. и Рос Баркли во 33. минута.

Премиерлигашот Шефилд Јунајтед излезе на крај со Филд, славеше победа од 2-1, додека Вест Бромвич Албион извојува гостинска победа вредна пласман во следно коло кај Чарлтон Атлетик. Мечот заврши 0-1.

Од останатите дуели за издвојување е лесната и убедлива победа на Квинс Парк Ренџерс против Свонси 4-1, како и елиминацијата на Кристал Палас од второлигашот Дерби Каунти засилен со Вејн Руни. „Овните“ минимално 1-0 го поразија Палас.


Scroll to Top