Top Sport

Потегот на денот го има Циципас (видео)

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас изведе феноменален потег во мечот во двојки на АТП купот во Бризбејн, Австралија. Тој со неговиот колега Перволаракис играше против германскиот дубл, Кравјец/Мис.

Моментно шестиот светски тенисер во првиот гем успеа да одигра еден феноменален бекхенд, откако стигна една
„недостижна“ топка, па покрај нозете на германскиот тенисер успеа да ја испрати во противничкото поле.

Следуваа овации за овој потег.

Грците мечот го загубија (6:3, 3:6, 15:17), а во продолжение еве како изгледаше потегот на Циципас:

Scroll to Top