Top Sport

Белоти ја скроти „волчицата“ сред Рим (видео)

Калчолигашот Рома вечерва е шокирана на својот „Олимпико“ во Рим. „Волчицата“ претрпе неочекуван пораз од Торино со 0-2.
Стрелец на двата гола за гостинскиот тим беше репрезентативецот на Италија Андреа Белоти. Првиот погодок за водство од 0-1 го постигна во 45. минута, додека печат на одличната партија на Торино стави во 86. минута.

Рома имаше поголема контролата на топката, но сето тоа беше јалово, без вистинска шанса во противничкиот шеснаесетник. Со овој пораз прекината е серијата од пет меча без пораз на „волчицата“.

Торино, пак, дојде до седмата победа сезонава и моментно е на средина на табелата во Серија А со 24 бода.

Scroll to Top