Кинескиот фан Хуанг Венбин реши да пропатува над 10 илјади километри за да исполни своја фудбалска опсесија – да го посети Ранкорн Линетс, англискиот деветолигаш во кого се вљубил кога ја играл видео-играта „Чемпионшип менаџер“.
Хуанг во играта успеал да го донесе Ранкорн до титули од Премиерлигата и од УЕФА купот во сезоната 2001/02, по што призна дека едноставно морал да дојде во Англија. Малиот тим од индустрискиот дел на Чешир сега игра во Севернозападната кантис премиерлига, деветтото ниво на англискиот тим.
Хуанг со сопругата и двете деца пристигна во Англија од Ксијамен, по што за „Дејли мирор“ го опиша своето патешествие.
„Првпат решив да го најдам Ранкорн ФЦ во 2015 година. Бев во Ливерпул да го гледам последниот меч на Стивен Џерард за Ливерпул, и кога пристигнавме со возот, видов знак за Ранкорн и ветив дека ќе се вратам да го најдам мојот клуб“, изјави Хуанг.
Претседателот на клубот Марк Бакли вели дека е импресиониран од посветеноста.
„Беше навистина одлично бидејќи се работи за добро воспитани и искрени луѓе. Го разгледавме стадионот и сите клупски простории“, изјави Бакли.
best wish : Runcorn Linnets always at the top of the table. pic.twitter.com/xUiK1r9xmn
— wenbin (@huangandersson) October 15, 2017