Top Sport

И Марсело е обвинет за даночно затајување

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, од страна на шпанските власти е обвинет за затајување данок. Како што пренесуваат шпанските медиуми, шпанските даночници се сомневаат дека Марсело затаил 490.000 евра, кои ги скрил на оф-шор сметка.

Бразилецот синоќа по натпреварот со Тотенхем во Лигата на шампионите (1:1) ги потврдил информациите и изјавил дека со случајот се занимаваат неговите адвокати.

Марсело (29) е последен од низата фудбалски ѕвезди против кои се води истрага за даночно затајување.

Претходно работа шпанските обвинители имаа со Лео Меси, Хавиер Маскерано, Нејмар, Радамел Фалкао, Кристијано Роналдо тренерот Жозе Мурињо и поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел.

Поради даночно затајување Лео Меси е осуден на 21-месечна условна затворска казна, а снакциите не ги избегна ниту неговиот татко Хорхе. Маскерано ја призна вината и доби едногодишна условна затворска казна, додека случајот на Нејмар сè уште нема епилог.

Сандро Росел беше уапсен во мај годинава под обинение за перење пари, додека Кристијано Роналдо негирал дека криел пари на оф-шор сметки. Дека затајувал данок негираше и Жозе Мурињо.

Scroll to Top