Тотенхем в сабота ќе го пречека Ливерпул, во дербито на коло во Премиер лигата. Ливерпул немаат пораз од старто на сезоната во домашното првенство, додека Тотенхем по доаѓањето на Жозе Мурињо имаат шест победи, четири порази и две нерешени на 12 натпревари.
Португалскиот тренер во пресрет на натпреварот со одбрани зборови говорел за актуелниот европски првак и тренерот Јирген Клоп. Намерата му била да каже дека за секој тренер е важно да има време да работи со екипата.
„Светот нема да заврши на крајот од сезоната. Имаме неколку месеци до крајот на оваа сезона да се бориме за резултатите. Но, крајот на една сезона е крајот на еден период. Колку за пример, вчера гледав натпревар на Ливерпул, во гледав најдобриот тим во светот во овој момент. И тогаш проверив на „Гугл“ колку да се потврдам. Јирген дојде во октомври 2015 година. Значи октомври 2015, па 2016, 2017, 2018, 2019 и сега 2020. Мислам дека тука има осум преодни рокови, многи играчи заминале, многу играчи дошле. И најважното имал време да им ги пренесе на играчите своите методи и филозофија Феноменалната работа чекор по чекор им ги донесе овие феноменални резултати. Четири години подоцна тие не се само светски шампиони туку се најдобриот тим во светот“, рекол Мурињо.
Натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул в сабота ќе започне во 18.30 часот.