Top Sport

Ентони Дејвис ги одбил Лејкерси

Крилниот центар на Лос Анџелес Лејкерс Ентони Дејвис ја одбил понудата да го продолжи договорот со оваа франшиза. Новинарот на „Јаху“, Крис Хејнс, дознава дека Лејкерс му понудиле нов четири годишен догвоор за максимални 146 милиони долари.

Дејвис ја одбил понудата бидејќи сакал по завршувањето на сезоната да стекне статус на неограничено слободен играч. Според договорот тој наредната сезона треба да заработи 28,7 милиони долари, но нема да ја искористи таа опција.

Луѓето кои ја следат и анализираат НБА лигата сметаат дека Дејвис нема намера да ги напушти Лејкерси, туку дека сака да се фокусира на актуелната сезона, а потоа како неограничено слободен играч да потпише пет годишен договор за 202 милиони долари.

Најдобриот крилен центар во лигата, минатото лето пристигна во Лос Анџелес Лејкерс од Њу Орлеанс Пеликанс. Во замена за 26 годиниот играч Лејкерс во Њу Орлеанс ги испратија Брендон Инграм, Лонзо Бол и Џош Харт.

Scroll to Top