Со натпреварите Белорусија-Србија и Германија-Холандија вечерва започнува 14 Европското првенство во ракомет. Прв пат во историјата едно континентално првенство се одржува во три држави. До 26 јануари домаќини на најдобрите европски ракометари ќе бидат Австрија, Норвешка и Шведска.
Дел од европскиот ракометен крем е и Македонија. Играчите на селекторот Данило Брестовац за противници ќе ги имаат Украина, Чешка и Австрија. Пласман во втората рунда ќе изборат најдобрите две селекции од секоја група.
Распоред на натпреварите во Б-групата:
10. јануари
18.15 Чешка-Австрија
20.30 Македонија-Украина
12. јануари
16.00 Македонија-Чешка
18.15 Австрија-Украина
14. јануари
18.15 Македонија-Австрија
20.30 Чешка-Украина