Рајан Бабел по трет пат во кариерата ќе го облече дресот на Ајакс. Холандските медиуми објавија дека до крајот на сезоната тој ќе настапува како позајмен играч од Галатасарај.
„Рајан сакаше да се врати. Се согласил и да се откаже од голем дел од својата плата“, рекол менаџерот на 33 годишниот фудбалер.
Бабел во текот на денот ќе пристигне во Амстердам и веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Ерик тен Хаг.
Рајан Бабел е производ на прочуената академија на Ајакс, за првиот тим тој дебитирал во 2004 година. По епизодите во Ливерпул и Хофенхајм, тој во Ајакс се вратил во 2012 година. Таа година ја освои титулата под водство на тренерот Франк Де Бур.
Помеѓу вториот и третиот мандат во Ајкас, Бабел играл за Касипмпаша, Ал Аин, ла Коруња, Бешикташ, Фулам и Галатасарај.