Top Sport

Хрватите се „разбудија“ за победа над Црна Гора, Криштопанс недоволен за Летонците (видео)

Хрватска одигра лошо прво полувреме, но во второто целосно доминираше за со убедлива 27:21 победа над Црна Гора да го стартува настапот на Европското првенство во ракомет. Летонија пак, иако во својот тим го имаше џинот на Вардар, Даинис Криштопанс, загуби убедливо од актуелниот шампион Шпанија со високи 33:22.

Дуелот во Грац беше израмнет во првото полувреме, откако Црногорците тргнаа силно и имаа предност од 13:12 по 30 минути игра, пред „Каубојците“ на Лино Червар да направат серија од 5:1 на почетокот на второто полувреме, разлика која потоа беше недостижна за „лавовите“. Поранешниот вардарец, Лука Циндриќ беше најефикасен со шест гола, додека по четири за „коцкестите“ имаа Мариќ и Хорват, додека за Црна Гора, Грбовиќ имаше шест гола.

Шпанците пак, како актуелни шампиони, започнаа со убедлива 33:22 победа над дебитантот Летонија, која пружи отпор во првото полувреме. Откако им се доближија на 18:16 во второто полувреме, Шпанците имаа 7:0 серија и го решија победникот. Даинис Криштопанс беше најдобар кај Летонците со седум гола, додека кај Шпанците Фернандез имаше пет гола, а Соле додаде четири.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020

ГРУПА А

Белорусија – Србија 35:30 (16:15)

Хрватска – Црна Гора 27:21 (12:13)

ГРУПА Ц

Германија – Холандија 34:23 (15:13)

Шпанија – Летонија 33:22 (14:11)

Scroll to Top