Македонските ракометари вечерва ќе го одиграат првиот натпревар на 14 Европско првенство. Во рамките на Б-групата, во Виена, Македонија ќе се сретне со Украина.
Во пресрет на овој натпревар од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објавија колкави ќе бидат премиите за репрезентативците.
Максималната сума која можат да ја поделат репрезентативците изнесува 70.000 евра. Пласман во вториот круг ќе биде награден со 30.000 евра, доколку Македонија го освои првото место во Б-групата дополнителната награда ќе изнесува 10.000 евра.
Доколку репрезентативците успеат да обезбедат пласман на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, тој резултат ќе биде награден со 30.000 евра.