Top Sport

Конте: Добро е што Златан е во Серија А, се обидов да го донесам во Челси

Тренерот на Интер, Антонио Конте му посака добредојде на Златан Ибрахимовиќ во Серија А по враќањето во Милан, и откри дека се обидел да го донесе Швеѓанецот во Челси.

38-годишниот Ибрахимовиќ се врати во Милан, каде што помина две сезони од 2010 до 2012 година и започна со влегување од клупа во понеделничкиот меч со Сампдорија, кој заврши 0:0. Конте очекува поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Барселона, Интер и ПСЖ да направи голем пресврт во Милан.

„Прво сакам да му посакам добредојде на Ибра. Тој е голем шампион. Се обидов да го донесам кога бев во Челси бидејќи многу го почитувам поради неговиот карактер по тешкото детство, тој е голем фудбалер. Мислам дека може да му даде многу на Милан. Важно е тренерите да имаат фудбалери кои можат да го водат тимот. Тогаш работите се полесни“, вели Конте.

Интер беа поврзувани со повеќе засилувања во јануари, како Кристијан Ериксен, Артуро Видал и Ешли Јанг, но Конте не сакаше да открива ништо.

„Не зборувам за тоа, како никогаш во минатото. Тоа треба да го реши клубот“, вели Конте.

Scroll to Top