Top Sport

Спортинг му го нудат Бруно Фернандеш на Јунајтед

Претседателот на Спортинг Лисабон, Федерико Варандаш пристигнал во канцелариите на Манчестер јунајтед за да се финализира трансферот на фудбалерот од средниот ред, Бруно Фернандеш, тврдат британските медиуми.

Оле Гунар Солскјер во неделата заедно со својот помошник Мајк Фелан бил во Португалија за да го гледаат дуелот Спортинг-Порто и уште еднаш да го зголемат интересот за Фернандеш, кој беше цел на „ѓаволите“ и во текот на летото, но Јунајтед не сакаа да платат 70 милиони фунти.

Меѓутоа, бидејќи Јунајтед ќе се без фудбалерите од средниот ред Пол Погба и Скот Мектоминеј барем еден месец, на тимот му треба засилување, така што сега сумата од 70 милиони фунти не изгледа толку нереална.

Фернандеш минатата сезона имаше 31 гол во 52 настапи за Спортинг, а оваа сезона ја продолжи добрата форма со 13 гола во 21 меч и во Јунајтед тој би донел малку креативност, која недостасува подолго време.

Scroll to Top