Фиорентина и официјално се засили со поранешниот фудбалер на Милан, Патрик Кутроне, кој се враќа во Италија од Вулверхемптон на двегодишна позајмица.
Кутроне отиде во Премиер лигата минатото лето за 18 милиони евра, но не успеа да се снајде на „Молињу“, постигнувајќи само 3 гола во 24 меча, и сега се враќа во Италија со договор со клубот од Фиренца за двегодишна позајмица со обврска за купување која зависи од бројот на настапи.
Според „Газета дело спорт“, Виола ќе плати 2 милиони евра за позајмицата, додека сумата за постојан трансфер ќе биде 16 милиони евра.
22-годишниот Кутроне, кој има еден настап за италијанската репрезентација, имаше 27 гола во 90 настапи за „росонерите“.
#WelcomeCutrone
#ForzaViola ⚜️ #Fiorentina pic.twitter.com/iCOjCZ2clM— ACF Fiorentina (@acffiorentina) January 10, 2020