Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ и во актуелниот преоден рок се поврзува со неколку екипи. Играчот на Лацио, како и целиот тим, игра во одлична форма.
Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид повторно се распрашувале за услугите на Милинковиќ-Савиќ. Се шпекулира од Реал го контактирале првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито.
Луѓето од „кралскиот клуб“ и во изминатите преодни рокови се интересирале за српскиот фудбалер, но Лотото е познат како „тежок човек“ кога треба да се преговара за некој негови играч.
Лацио за Милинковиќ-Савиќ бара 120 милиони евра.
„Доколку ме прашувате која е неговата цена само ќе ве потсетам дека минатата година одбив 110 милиони евра за него. Колку кошташе Пол Погба кога се пресели во Манчестер Јунајтед? 105 плус пет милиони евра? Тогаш Милинковиќ-Савиќ вреди повеќе, посилен е од Погба“, рекол Лотито.
Милинковиќ-Савиќ има одиграно 185 натпревари и постигнато 35 голови за Лацио. Во тековната сезона одиграл 22 натпревари, забележал четири гола и шест асистенции.
Лацио одлично стои на табелата во Серија А, со натпревар помалку заостанува шест поени во однос на Интер и Јувентус.