Голот на Кирил Лазаров со кој Македонија ја победи Украина 26:25 во првото коло на Европското првенство во ракомет е прогласен за најдобар на вториот натпреварувачки ден.
Лазаров својот осми гол на мечот го постигна во последната секунда од натпреварот.
Свое место во најдобрите потези најде и голманот Никола Митревски. Една од неговите 15 одбрани се најде на второто место во изборот на ЕХФ.
Митревски во финишот на неверојатен начин му го одбрани ударот на соиграчот од Еурофарм Пелистер, Остроушко.