Top Sport

Шпанија против Србија во финалето на АТП купот

Шпанија ќе и се спротивстави на Србија во историското прво финале на АТП купот кој од 3 јануари се одржува во Перт, Бризбејн и Сиднеј.

Шпанците обезбедија пласман во финалето по мечевите во сингл со победите на Роберто Баутиста Агут и Рафаел Надал.

Баутиста Агут и го донесе првиот поен на Шпанија со неочекувано лесната победа над Ник Кирјос. Шпанецот за 82 минути славеше со 6/1, 6/4.

Многу потешка задача имаше Надал во вториот меч против 20 годишниот Алекс Де Минор. Првиот светски рекет одигра 133 минути и во три сета го победи младиот Австралиец со 4/6, 7/5, 6/1.

Финалето ќе се одигра утре, ќе започне во 8.30 часот по средно-европско време. Душан Лајовиќ ќе му се спротивстави на Баутиста Агут, а потоа ќе играат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Scroll to Top